Македонија

Левица: Образованието и воспитувањето мора да се темелат на високи морални и етички вредности

И покрај бурните реакции кои што ја брануваат јавоста, во тек е пилот-проект со цел во наставата да се воведе сеопфатно сексуално образование како посебен предмет. Протнат под маса, исто како концепцијата за наводна реформа во образованието, стои во реакцијата до јавноста на политичката партија Левица.

„Министерката Царовска, во манир на хибридниот режим во чие што име стои на чело на МОН, ја турка оваа агенда сокриена под превезот на наводна загриженост поради заштита од злоупотреба на децата, а всушност силувајќи го правото на мислење преку наметнување идеологии втемелени на либералните интереси на капиталистичката класа, со цел идните возрасни што порано да бидат впрегнати во остварувањето на капиталистичките експлоататорски цели.

Квалитетното сексуално образование мора да нуди систематски и сеопфатен пристап за децата да се информираат, да усвојат позитивни ставови со цел кај нив да се развие почит кон социјалните и сексуалните релации и да се поттикне одговорно однесување.

Сосема е несериозно сексуалното образование да им се препушти на невладини или граѓански организации. Изготвувањето на наставните програми и содржини бара сеопфатен, високостручен пристап и истото мора да биде доверено на институтите за социологија, педагогија, психологија и соодветните медицински институти.

Програмските заложби на Левица се да донесе нова, сеопфатна и научно издржана реформа во образованието, како и воспитување втемелено на високи морални и етички вредности, кои ќе бидат нов стандард во општеството“, велат од Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago