Струмица

Приведени тројца прилепчани кои извршиле тешки кражби во станови во Струмица

На 03 февруари годинава по спроведени заеднички активности помегу Одделот за криминалистичка полиција при МВР, Сектор за         општ и насилен криминал, Сектор за внатрешни работи Струмица и Одделение за внатрешни работи Прилеп, полициски                 службеници од ОВР Прилеп приведоа три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „тешки кражби“.
Имено на 03.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки, а врз основа на наредба од Основен суд Прилеп извршени се претреси во домовите на М.Т.(27), М.Д.(29) и Д.Е.(20) сите од Прилеп, при што се пронајдени рачни часовници, мобилни телефони, сим картички, очила, патики и други предмети кои потекнуваат од кривичните дела
Лицата се сомничат дека се извршители на две кривични дела “тешка кражба” извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на подесен клуч, одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети, со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.277.030 денари. По наредба на Јавен обвинител, приведените се предадени на полициски службеници од СВР Струмица, а по обавените разговори и целосното документирање на делата против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.
Во текот на вчерашниот ден (04.02) лицата се изнесени пред судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, кој им определил мерки на претпазливост.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago