Македонија

Левица: Владата ќе не’ задолжи 21,5 милиони, плус 200 илјади евра провизија за „реформи“ во основното образование

Деновиве пред пратениците во Собранието, треба да се најде Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија, со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, по скратена постапка, соопштува политичката партија Левица.

„Станува збор за Закон од само шест члена, со кој државата ќе се задолжи со 21,5 милиони евра и ќе плати првична провизија од 21,500 евра и 11 годишни провизии од 0.25% провизија од неповлечениот износ на кредитот. Ако претпоставиме дека годишно не може да се трошат повеќе од 3 милиони евра (заради абсорбциониот капацитет на имплементаторот), вкупниот износ на провизии за сите 11 години, би бил околу 200,000 евра.

Ова се пари, со кои дополнително ќе пропаднеме во калта на должничкото ропство, ако се земе предвид дека моменталниот јавен долг изнесува 59% од БДП. Ваквиот тренд на задолжување во други држави, би го вклучил црвениот аларм. Но, власта предводена од СДСМ, без никаква транспарентност и образложение продолжува да се задолжува. 

Во шесте паушални члена на предлогот на законот единствено оваа сума ѝ се става на располагање на министерката, Мила Царовска. Во образложението на предлогот се исчитува дека половина од овие пари, ќе ги голтне темната јама на наводните и контроверзни реформи, и тоа како поинаку, ако не низ обуки и евалуации на обуките!?

Низ призмата на ова задолжување станува сосема јасно од каде толкавото брзање да се изнесе каква било концепција за реформи – очигледно дека се собрале доста „обучувачи“ кои одработиле и треба да бидат исплатени. Па макар и со кредит. Макар преку грбот на образованието кое парализирано, со прекршен ‘рбет се прпелка во немањето никаква друга визија и мисија освен што повеќе и побескрупулозно да се заграби на сметка на – и без тоа осиромашениот народ“, стои во реакцијата од политичката партија Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago