Основните општински училишта „Никола Карев“ и „Крсте П. Мисирков“ се дел од училиштата во регионот кои ќе добијат грант од министерството за образование и наука реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта.
На листата на избрани основни и средни училишта од Јавниот повик на Министерството за образование и наука, покрај двете основни училишта од Радовиш, грантови за самостојна реализација на активностите ќе добијат и ОУ „Јосип Броз Тито“ од Валандово, ОУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово, ОУ „Гоце Делчев“ – Конче, ОУ „Даме Груев“ – Куклиш, како и училиштата кои реализацијата на активностите ќе се извршува во партнерство со друго училиште ОУ „Кочо Рацин“ – Дојран, ОУ „Св. Климент Охридски“ – Миравци.
Од средните училишта на јавниот повик на министерството за образование и наука од југоисточниот регион е избрано средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
„Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество, со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.“ стои во информацијата од министерството за образование и наука и сите изберени училишта кои добиле грантови можете да ги видете со клик ОВДЕ