Македонија

„Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, започнува соработката со компаниите за отворање на барани профили во стручните училишта

Под слоганот #УчиПаметноРаботиСтручно, Министерство за образование и наука започнува средби со компаниите за отворање на барани профили во стручните училишта од идната учебна година. Овој процес МОН го реализира во соработка со Амбасадата на Швајцарија.

„Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, со средби во Свети Николе и Штип, започнуваме дијалог со компаниите за отворање на барани профили во стручните училишта од идната учебна година. Силно верувам дека низ овој социјален дијалог заеднички ќе ги идентификуваме потребите и ќе можеме да одговориме на барањата на компаниите, но и за создавање на стручно образование коешто ќе создава кадар потребен на реалниот сектор“; вели министерката за образование Мила Царовска.

Според анализата на МОН, од вкупно 450 опфатени компании од цела држава, дури 85 % се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава. Ова е многу важно за создавање на стручен и квалитетен кадар.

Овој процес МОН го реализира во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago