Македонија

Богојески со став, Бугарија треба да понесе одговорност за спречување на проширувањето на ЕУ на Балканот!

„Загрижувачко е однесувањето на политичкиот врв во Бугарија, кои никако да разберат дека Македонија е независна и суверена држава и ќе прави што сака, во рамки на меѓународно преземените обрски. Бугарските политиканти никако да разберат дека изјавите кои ги даваат Захариева, Каракачанов, Ковачев и останати, по три пати на ден, се дирекно мешање во внатрешните работи на Македонија. Дали тие се игра и главната цел им е да испровоцираат македонска реакција за да се прават жртви пред ЕУ? Најсмешно е кога БГ зборува за врски со Русија!

Сите сме свесни дека половина бугарски партии и служат на директно на Русија, вклучително и претседателот Радев, кои не сакаа да осудат незаконско малтретирање на рускиот народ (случај Навални), “евродепутатите” од БСП не осудија во ЕП, НАТО им фатија десетици агенти на ГРУ во Софија, имаат руска партија во Бугарија, ВМРО БНД со штаб во Варна го имаше руско знаме со години, а тие зборуваат за руски врски на Македонија,

Тие ни го наметнаа најголемиот преварант за конзул во Македонија, учествуваа во државен пуч во земјава, шиткаат бугарски пасоши како ченгии по македонски пазари, во длабока љубов се со сите удбаши и разноразни бугараши, финансираат антидржавни здруженија и партии во земјава, форсираат антимакедонски портали со српски пари, сите македонски активисти кои поткрепуваат македонско – бугарско пријателство ги прогласија за српски платеници, проектот “Јазиците на Македонија” на Македонски концепт го прогласија за антибугарски затоа што предвидувал изучување на бугарски јазик во Македонија посебно од македонскиот јазик, за сега да го бараат истото. На крај повторно виновна е Македонија.

Време е Бугарија да се соземе и понесе одговорност за обид за уништување на македонската држава и нејзино туркање кон антиНАТО земји и спречување на проширувањето на ЕУ на Балканот!

Време е за одговорност во Бугарија!“, соопштуваат од Македонски концепт

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago