Македонија

Николов: Филипче питачи за вакцини кај стигне, сега е пред врата кај Кинезите, вакцини нема, Филипче оставка веднаш!

„Вакцина против корона ќе има на време. Со донација на вакцини од соседните пријателски држави, за кратко ќе почне процесот на вакцинација. Ова Филипче го кажа во октомври и декември минатата година. Првично ќе има вакцини од КОВАКС механизмот. Вакцините од КОВАКС механизмот не се  на повидок. Директно преговараме со фирмите производители на вакцини. Нема никакви вакцини, нити договор со некој од производителите.“ – ова го истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ

Едноставно е – вакцините за КОВИД-19 кои се значајна алатка во борба со епидемијата со корона во Македонија ги нема. Прашуваме јавно, кој одлучи граѓаните да бидат оставени само на вакцините од КОВАКС, наместо на време да се активираат сите механизми? – прашува Николов

Бројката на заболени од корона одамна надмина 90 илјади заразени, бројката на починати се движи кон три илјади, во Британија и во соседството има нова мутација на корона вирусот која според информациите се шири со голема брзина.

Во меѓувреме граѓаните во Македонија се оставени сами на себе, лекови тешко се наоѓаат или недостасуваат, вакцини нема. За ваквата состојба одговорност мора да има!

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago