Македонија

ИЈЗ: За изминатата недела се регистрирани вкупно 2397 пациенти

Од Институтот за Јавно Здравје во неделниот извештај за Ковид-19 информираат дека тестирани се вкупно 14.111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела.

Оттаму дополнуваат дека се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години со 631 пациент, потоа кај возрасната групи од 40-49 години со 446 пациенти, останатите возрасни групи бележат помалку пациенти и тоа од 30 до 39 години има 422 пациенти, 50-59 има 403 пациенти и 20-29 има 352оациенти. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години со 31 пациенти и 10-19 години со 112 пациенти. Во однос на поделбата по пол, регистрирани се 1.194 лица од женски и 1.203 лица од машки пол.

Со статус „оздравени“ пациенти од Ковид-19 се стекнале 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување и пријавени биле 79 смртни случаи од 23 града.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ моментално се хоспитализирани 704 лица, а од нив 282 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago