Македонија

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

Компанијата Adora Living Solution, којашто го претставува градежниот бренд Адора во Србија, воспостави соработка со Фондацијата Новак Ѓоковиќ и како нејзин главен партнер,  учествува во реализацијата на проектот за реконструкција и адаптација на детската градинка во Љубиш, општина Чајетина. Селото Љубиш се наоѓа во непосредна близина на српскиот планински туристички центар Златибор, кадешто Адора го гради својот најнов проект, иновативниот хотелско-резиденцијален комплекс „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora“.

Фондацијата Ѓоковиќ, во чиј фокус е грижата за подобра иднина на младите генерации, изрази голема брагодарност за партнерството и донацијата на Адора, со чија помош ќе биде отворена детската градинка во Љубиш, што ќе овоможи унапредување на  воспитувањето и квалитетот на животот на најмладите во општина Чајетина.

Душко Чифлиганец, директор на Adora Living Solutions и проект лидер на градежниот проект на Златибор, изјави дека успехот на една компанија се мери преку квалитетот на општеството што таа успева да го создаде во средината кадешто делува.

„Ни претставува огромна чест што ќе соработуваме со Фондацијата Новак Ѓоковиќ во заедничка хумана мисија во Србија, како продолжение на длабоко врежаната општествено одговорна корпоративна филозофија на Адора и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, секогаш да и возвраќаме на заедницата во општините кадешто имаме деловни активности. Од срце и се заблагодаруваме на Фондацијата Ѓоковиќ за укажаната доверба и за нејзиниот ентузијазам во вложувањата за помагање на младите и на оние на кои тоа им е најпотребно. За нас е чест да соработуваме, да се инспирираме и да учиме од луѓе со кои делиме иста мисија за создавање на посреќно, поздраво и похумано општество со еднакви можности за сите. Децата се нашата единствена заедничка иднина, а вложувањето во најмладите генерации е најсигурен темел за подобро утре“, порача  Душко Чифлиганец.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago