Економија

Бектеши: Веќе се дизајнираат мерките од петтиот пакет, обезбедени се 50 милиони евра од буџетот

Министерот Крешник Бектеши најави дека веќе се дизајнира Петтиот сет економски мерки, со кој ќе бидат поддржани најпогодените компании. За овој сет во Буџетот за 2021 година се обезбедени 50 милиони евра. Тој дополнува дека реализацијата на Петтиот сет економски мерки согласно плановите ќе започне во февруари.

„Сите мерки и предлози ќе бидат дискутрани со Стопанските комори, ќе ги собереме сите предлози кои доаѓаат од различни институции, вклучително и на Министерството за економија и на почетокот на февруари, во согласност со нашите планови и динамика ќе излеземе со мерките и ќе почнеме да ги реализираме“ кажа министерот.

Бектеши потенцираше дека мерките кои што ги донесе Владата во првите четири сета дадоа резултат, а податоците покажуваат дека се намалува бројот на компании кои бараат финансиска поддршка од државата.

“Сите мерки кои што ќе ги предложат Стопанските комори, како и досега ќе бидат земени во предвид во Советот за јавен-приватен дијалог. Но, нема да застанеме тука. Со сите мерки кои што ќе ги превземеме во наредниот период ќе им излеземе на компаниите кои се најпогодени од кризата предизвикана од пандемијата“ кажа Бектеши.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago