Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, на прес конференција посочи дека новата 2021-ва ќе биде антикорупциска година, за што ќе се започне со активна и постојана кампања за подигнување на свеста кај граѓаните, за негативните ефекти на корупцијата и за сите механизми кои им стојат на располагање за да се спротистават.
„Во
2021 носиме европски стандарди дома, тоа се принципите и нашата заложба кои ќе
не водат оваа година. Преку секоја наша преземена мерка, во оваа заедничка
битка против корупцијата и криминалот, ќе покажеме дека можеме да бидеме држава
на чесни политичари, држава која чекори напред.
Секој
што ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност. Мора да
има ред еднаш засекогаш во институциите“, изјави Николовски.
При тоа, вицепремиерот Николовски потенцираше дека во
првите три месеци од мандатот се преземаа конкренти мерки, како што е
исполнување на дел од препораките на ГРЕКО, нов поприменлив Кодекс за етичко
однесување на именуваните функционери, со кој, освен министрите и замениците
министри, се опфатени сите функционери именувани од Владата, се задолжија сите
надлежни институции, вклучително и општините и Градот Скопје, на своите веб
страни, јавно да ги објавуваат сите документи и информации поврзани со нивната
работа, се зголемија надлежностите на инспекциските служби, се зајакна
координацијата помеѓу надлежите институцииза борба против корупцијата и
криминалот.