Македонија

Започна регистрацијата на возила по новиот закон за возила со странски таблички за половина цена

Од вчера важи законот за регистрација на возилата со странски таблички со половина од редовните давачки. Крајниот рок за сите сопственици на вакви возила да ги завршат сите процедури за регистрација на возилата на Македонски таблички е до крајот на годината.

Граѓаните имаат можност со овој закон да добијат македонски таблички за своите возила кои истите имаат најмалку Еуро 4 стандард за штетни гасови, кое е увезено најдоцна до почетокот на октомври минатата година. Исто така, се бара овие возила да имаат уредна регистрација и зелен картон од земјата од каде се донесени.

Поголем дел од возилата со странски таблички што се возат низ државата се бугарски регистарски таблички, а нивните сопственици се со бугарско државјанство. Најмногу вакви возила поседуваат лица од југоисточниот регион.

Со законот за легализација на возилата со странски таблички се уредуваат постапката и условите за регистрација на моторни возила за превоз на патници (категорија М), возила за превоз на товар (категорија Н), возила на две и три тркала и четирицикли (категорија Л) и приколки – вклучително и полуприколки (категорија О).

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago