Радовиш

За големиот христијански празник Божиќ, Свети Богослужби ќе се одржат и во двата црковни храма во Радовиш

Во двата црковни храма во Радовиш сепак ќе се одржат божествените литургии согласно распоредот за најголениот христијански празник Божиќ или Христовото раѓање.

На 06.01.2021 Бадник во храмот „Свети Пророк Илија“ и во храмот „Света Троица“, царски часови и литургја од 07 часот.

На 07.01.2021 година Прв ден Божиќ, во храмот  „Свети Пророк Илија“, Светата Богослужба ќе започне во 05 часот, а во храмот „Света Троица“ Светата Богослужба ќе започне во 07 часот.

На 08.01.2021 година во храмот  „Свети Пророк Илија“ и во храмот „Света Троица“ Светата Богослужба ќе започне во 07:30 часот.

На 09.01.2021 година Трет ден Божиќ, во 07 часот – Света Архиерејска Богослужба, ЕДНОЦРКВИЕ во храм „Свети Пророк Илија“ во Радовиш.

Со Богослужбата ќе чиноначалствува, Митрополитот Брегалнички господин Иларион. По тој повод од Црковниот храм „Свети Пророк Илија“ ги покануваат верниците да присуствуваат на Богослужбата, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита од Ковид – 19.

Божиќ  или Рождество Христово е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.



Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago