Јаневски: Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“
На вториот ден од новата 2021
година голема трагедија ја зафати Струмица поради страотниот пожар во трговскиот
центар „Глобал“ од каде егзистираат голем број семејства.
„Тажна е сликата денеска, по
пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“, напиша
градоначалникот на Општина Струмица Коста Јенвски на својот ФБ профил по
синоќашнната трагедија.
„Изгорени се повеќе трговски
објекти и внатрешниот дел во којшто се наоѓаат продавници и тезги. Пожарот е
изгаснат, но сеуште под контрола на пожарникарите за да не се појават нови
жаришта. За среќа жртви и повредени нема, но причинета е голема материјална
штета.
Голема благодарност до нашите пожарникари од Струмица и нивните
колеги од Кавадарци, Радовиш, Штип и Валандово…“, додава Јаневски
Пожарот,
кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е
изгаснат рано утринава, а на одредени места во внатрешниот дел, каде се
сместени поголем број тезги и продавници се уште тлее, па како што дознаваме местото
и понатаму го обезбедува екипа на ТППЕ Струмица, која внимава да не дојде до
нов пожар.
Изгорени се повеќе од десет продавници,
внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите во најголем дел е изгорен,
зафатен е супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до
третиот кат од трговскиот центар.
Синоќа на
пожарот беше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој рече дека
материјалната штета е голема, а за среќа нема повредени.
ТППЕ Струмица веднаш по првата дојава излезгла на лице место. Поради сериозноста на пожарот кој брзо се ширел, побарана е помош од ТППЕ Радовиш со 3 ПП возила и 6 пожарникари, ТППЕ Кавадарци со 3 ПП возила и 8 пожарникари, ТППЕ Валандово со 3 ПП возила и 4 пожарникари, ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 5 пожарникари и ЈПКД Комуналец со 2 возила цистерни за дотур на вода. Пожарот успеале да го локализираат во 03.50 минути. Причинета е огромна материјална штета.