Македонија

Промовирана нова е-мапа за лоцирање на загадувачи на животната средина

Оваа е-мапа на загадувачи е производ на соработка на Зелениот институт со информатичарот, екологистот и автор на Мој воздух, Горјан Јовановски како креатор на апликацијата, со Државниот инспекторат за животна средина како извор на технички податоци за индустриските капацитети, со стручен тим за обработка на техничките податоци, како и со холандската фондација Биро де Хелинг како поддржувач на овој проект.

На е-мапата се поставени индустриски инсталации и објекти кои работат со А и Б интегрирани еколошки дозволи, како и со елаборати за животна средина. Секој индустриски објект е лоциран со основните податоци: име на фирма, дејност, капацитет, гориво и координати.

Целта на овој проект е да се овозможи лесно и прецизно откривањето на индустриските објекти кои загадуваат, по што ќе биде побрзо и попрецизно пријавувањето во соодветниот инспекторат, но и дејствувањето на самите инспектори. Со ова ќе се придонесе за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на животната средина и здравјето на граѓаните.

Е-мапата ќе биде јавно достапна на посебна веб-страна за сите заинтересирани граѓани, но и за претставници од институциите, првенствено инспектори за животна средина од државно, градско и општинско ниво. Ве покануваме да се запознаете со оваа е-алатка, да станете нејзини корисници и секако, да ни сугерирате како да ја подобриме и направиме полесно достапна и применлива за секој граѓанин.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago