Во рамките на четвриот пакет економски мерки, денес се објавени јавните повици за издавање на грантови за центри за странски јазици и за едукативни центри за деца, на кој може да се пријават сите регистрирани субјекти кои работат во оваа дејност.
Согласно јавниот повик регистрираните центри за странски јазици и едукативните центри за деца, може да аплицираат за финансиска поддршка-грант до 24-ти декември до 23:59 часот, на електронската пошта: Cetvrt.Paket@gs.gov.mk, со што добиваат можност за еднократна финансиска помош, во вредност од 43.500 денари по вработен.
Во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат и следните документи:
· тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 (три) месеци;
· уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 (три) месеци и
· список на вработени по даночен обврзник заверен од АВРСМ не постар од 15 (петнаесет) дена.
„Напоменуваме дека барањата за финансиска поддршка за центрите за странски јазици и едукативните центри за деца ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден прв услужен“, а барањата кои нема да бидaт комплетни ќе ги заземат последните места по реден број на поднесување на датумот на комплетирање на барањето“, стои во соопштението од Влада.
За разгледување на поднесените барања од центрите за странски јазици и едукативни центри за деца, од страна на Владата е формирана Комисија која ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листи на поднесени барања. За потврда на веродостојноста на податоците во поднесената документација ќе се изврши проверка со Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување .