Радовиш

Рудниците Бучим и Боров дол ќе донираат над 1.000 новогодишни пакетчиња кои ќе бидат подарени на дечињата

 Дечињата од детската градинка Ацо Караманов од Радовиш и годинава беа израдувани со новогодишни пакетчиња од рудникот Бучим, со што се потврди долгогодишната традиција за одоброување многубројни спонзорства и донации.  Директорката Љупка Тренчева се заблагодари на ваквата донација за радост на околу 450 дечиња.

Во детските градинки и годинава се одржаа работилници за изработување новогодишни честитки и украси со кои се разубавија занималните а за два дена ќе биде организиран и традиционалниот маскенбал на дечиањата, во секоја занимална. Заменик генералниот директор Николајчо Николов кој беше во посета на градинката присуствуваше и на подготвена новогодишна претстава од најмалите.Тој ја потврди соработката и за во иднина, а на сите дечиња и вработените им ги честита новогодишните празници.

Оваа година, рудниците Бучим и Боров дол ќе донираат над 1.000 новогодишни пакетчиња кои  ќе бидат подарени на дечињата, во  детската градинка “Ацо Караманов” во Радовиш, на детската градинка “12-ти Јули” во Конче, на децата на вработените во рудниците Бучим и Боров Дол, на децата во домот за згрижување на деца без родители Емануел, на децата на членовите на здружение на лица со телесен инвалидитет Мобилност – Радовиш и на корисниците на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака. Рудниците Бучим и Боров Дол, исто така ќе донираат и новогодишни пакетчиња на Општинската организација Црвен крст – Радовиш и на Здружението на турците за хуманитарни и културни активности Кудрет Јашам Дернеѓи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago