Гевгелија

Реконструкцијата на Железничката станица во Гевгелија, која е прогласена за споменик на културата е во завршна фаза

Во тек е завршната фаза од реконструкцијата на Железничката станица во Гевгелија, со која ќе се обноват: чекалната, билетарата, санитарните јазли и останатите простории во рамките на Железничката. Но, исто така се санира и обнови фасадата на објектот, со што Железничката ќе добие нов лик. Станува збор за објект кој е прогласен за споменик на културата, поради што и реконструкцијата беше забавена.

Имено, преостанатите 10 железнички станици во земјата веќе се завршени, во рамки на проектот „ЕУ за тебе“ на Делегацијата на Европската Унија, а кој се финансира со донација од Шпанската влада.

             На средбата на кој присустввуваа претставниците на: Македонски железници, Заводот за заштита на спомениците на културата-Струмица и изведувачот, беше констатирано дека работите околу реконструкцијата и фасадата на ова значајно здание во Гевгелија се во завршна фаза, велат од општината.

„Пред да биде извршен технички прием, сакавме да направиме увид и заедно со сопственикот на објектот и изведувачот да укажеме на работите кои треба да се завршат. До крајот на годината Железничката станица во Гевгелија ќе треба целосно да биде готова, а тоа значи внатрешна реконструкција и целосно обновена фасада. На челната страна од објектот ќе бидат поставени грбовите на Општина Гевгелија и на Македонски железници“, вели директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата Аце Манински.

             Притоа тој објаснува дека изведбените работи на овој објект се забавени поради потребата од целосна примена на Законските одредби за заштита на споменици на културата и изработка на посебни елаборати.

 Железничката станица во Гевгелија која беше изградена во 1874 година, го задржува стариот лик на фасадата. Најавена е и можноста за урбано уредување на просторот околу старата локомотива што се наоѓа пред Железничката станица во Гевгелија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago