Македонија

За една недела биле пријавени 184 смртни случаи од 25 градови, што е намалување од 10 отсто

За околу 11 проценити била намалена смртноста од Ковид – 19 во неделен период од 30 ноември до 6 декември во споредба со седмицата пред неа, покажува редовна неделна анализа на Институтот за јавно здравје. За овој период биле пријавени 184 смртни случаи од 25 градови, што е намалување од 10,7 отсто.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември, регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи, намалување од 4,2% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје – 2.610, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години.

Починати се 184 лица, намалување од 10,7% во однос претходната недела. Како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago