12 години од големата поплава која го зафати Радовиш и која однесе еден човечки живот
Поплавени домови, откорнати кровови и дрвја,
настанати огромни материјални штети, однесен мостот на Река Сушица, една жена го изгубо својот живот и еден исчезнат во Дедино ова беше епилогот од невремето кое го зафати Радовиш на денешен ден пред 12
години. На 04 декември
2008 година, по силниот пороен дожд кој
траеше половина час страшната радовишка
река носеше се пред себе а ги наполни и улиците во градот со вода и кал. Радовишани по
невремето со неверување за она што се случоло до доцна во ноќта ги чистеа
поплавените домови, улици и продавници, од наталожената кал.
Радовиш денеска презема мерки за да не се повтори. Се гради речното корито
на река Сушица, за да може да собере што поголемо количество на вода и да не се
излева по булеварот. Главната цел на проектот е спречување и ублажување на
последиците од природните катастрофи. Токму
река Сушица во невремето пред околу 12 години предизвика ужасна поплава со
катастрофални последици во стопанскиот, и инфраструктурниот дел на Радовиш
Се реализира проект за заштита
од природни катастрофи од типот на лизгање на земјиште , поплави и пожари. Прокет
кој го реализира јапонската агенција Џајка, во соработка со ЈП Национални шуми.
Проектот има за цел воведување одредени мерки и методи за подобрување на заштитните и општо корисно функции на шумите особено преку главните категории на функции како што се шуми со функции за одржување на обновливост на водните ресурси, функција за превенција на планински катастрфи, заштита на животната средина и производство на дрва. Проектнита активности се реализираат јужните падини на планината Плачковица на фкупна површина на шумско стопнската единица на шума и шумско земјиште е 8388 хектари од кое под шума се 6256 хектари или 93 проценти.