ВМРО – ДПМНЕ од протестот во Радовиш: Народот не може да се сопре, против народот никој не може
„Народот не може да се сопре, против народот никој не може. Заев погледни ова е Радовиш!“ Ова е пораката која беше испратена на протестот кој синоќа ОК на ВМРО -ДПМНЕ го одржа во Радовиш.
Протестот со автомобили започнаа од пред Спортската сала
па се до центарот на градот и до општинската зграда. Свое обраќање пред Општина Радовиш имаа новиот
претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Радовиш Јован Ристов и пратеникот во Собрание
од редовите на ВМРО ДПМНЕ Здравко Трајанов.
„Радовиш ја исцртува црвената линија. Нема право власта
да разговара и да преговара за историјата, за идентитетот и за културата. Нема право
бидејќи моќта власта ја црпи од народот,
а мора да и порачеме дека моќта од денес во Радовиш со исцртаната црвена линија
е во народот и порачуваме дека нема народ веќе во Македонија со свиткана ќичма,
рече новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Радовиш Јован Ристов.
„Место да го решат спорот со Бугарија СДС и власта на Зоран Заев упорно работат на разнебитувањето на македонскиот народ. Не е во интерес на македонскиот народ да преговараме за Македоснкиот јазик и за Македонската нација, не е во интерес на македонскиот народ да преговараме за македонското малцинство во Бугарија, тоа е факт“, рече пратеникот во собранието Здравко Трајанов.