Македонија

Видео средба на МНР Бујар Османи со Симон Ковни, МНРО на Ирска

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи, денес, оствари видео средба со Симон Ковни, министер за надворешни работи и одбрана на Ирска.

Министерот Османи упати голема благодарност за искреното пријателство и континуирана поддршка која Ирска ја дава на европската интеграција на нашата држава, искажа очекување дека наскоро ќе бидат отворени нови страници во односите на Северна Македонија со Европската унија преку отпочнување на пристапните преговори

Министерот за надворешни работи и одбрана на Ирска, Симон Ковни ја повтори поддршката на ирската Влада за имплементација на реформите во нашата земја и надеж за постигнување напредок во процесот на приближување кон  европското семејство.

Соговорниците разговараа и за билатералната соработка, при што  искажаа задоволство од јакнењето на односите и соработката, што се рефлектираше преку поставувањето нерезидентни Амбасадори на Северна Македонија и Ирска оваа година. Воедно, го акцентираа потенцијалот за натамошно продлабочување на комуникацијата во областите од заеднички интерес.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago