Македонија

Мицкоски: На памет да не ви паѓа да го начнете македонскиот идентитет

„Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет. Да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден“, е една од пораките што денеска пред Владата на антивладиниот протест ја упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

“До Зоран Заев и Владата, на памет да не ви паѓа да го начнете македонскиот идентитет. Ви ветувам заедно со овој народ овде тоа диво месо ќе биде хируршки прецизно отстрането, а потоа не само за криминалот и за велепредавствто ќе одговарате, јас ви ветувам кога тогаш. До македонскиот народ, до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, Египќаните, до сите сограѓани – Излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија“, рече Мицкоски во говорот пред Владата.

„Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја. Така ќе ја спасиме и нашата историја и нашето достоинство и само така ќе успееме да обезбедиме иднина“ додава Мицкоски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago