Конче

Бучим и Боров Дол со донации за првата детска градинка во Конче која е најсовремено опремена

Рудникот Бучим донираше 5 Инвертер клима уреди за потребите на детска градинка „12ти Јули“ во Конче во вредност од  3500 евра. Минатата година рудникот Бучим донираше финансиски средства во висина од 5000 евра, со кои целосно се уреди и огради дворот на градинката.

 Заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов заедно со градоначалникот Благој Илиев, ја посетија градинката со цел да видат како фунционира истата.   Ова е прва градинка во Општина Конче која е опремена согласно стандардите со сите потребни услови, за што градоначалникот Илиев е посебно горд.

Капацитетот на градинката е 46 дечиња, а се запишани 20 дечиња, поради ситуацијата со корона кризата во моментот ја посетуваат десетина дечиња.

Во знак на благодарност за донациите на заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов, му беше дадена благодарница од градинката и цртеж направен со детски рачиња. Тој го изрази задоволството од подарокот и од пријатниот и топол амбиент кој го нуди градинката.  

 Рудникот Боров Дол донираше 5.700 евра со кои ќе се постави систем за греење на пелети и во студените зимски денови ќе се обезбедат потопли простории за престојот на децата во детската градинка во Конче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago