Македонија

Царовска: Со билингвалните паралелки создаваме европски вредности и мултикултурализам

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес зема учество во вебинар по повод билингвалните паралелки во државата, заедно со амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски. Вебинарот е организиран од гимназијата „Орце Николов“ и Амбасадата на Франција.

Министерката Царовска се заблагодари на Француската амбасада која поддржа низа проекти креирани од наставниците и учениците со кои создадоа франкофонска мрежа од активни млади лица и идеи за подобра иднина на сите. 

„Билингвалното образование се покажа досега како вистински репрезент на интеркултурализам, на учење за културата на францускиот народ, но и на пошироките европски вредности.  Поддршката на ваков тип проекти е поддршка за прифаќање на глобални трендови и култури што се многу важни за развојот на новите генерации млади. Имаме чест, исто така, дел од тие ученици и сега да бидат вклучени во креирањето на новите реформи за средно образование, преку анкети со кои даваат несебичен прилог да научиме и ние нешто од францускиот концепт за образование“, рече Царовска.  

Министерката истакна дека голем број ученици од овие паралелки, низ годините, го продолжија своето образование во најпознатите академски центри на Франција и донесоа нови практики и нов  пристап во креирање општествени и образовни политики.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago