Македонија

Заев останува оптимист: Бугарија го призна македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Премиерот Заев останува оптимист во однос на блокадата од Софија до Самитот на ЕУ во декемри. Тој им ветил на амбасадорите на земјите членки на ЕУ дека ќе ги продолжи разговорите со Софија за решавање на проблемот кој доведе до блокирање на евроинеграцискиот пат на Македонија.

„Не зборуваме за отстапки, се зборува за решенија од двете страни. Постојат начини како тоа да се реши, секако уште еднаш потенцирам – драго ми е што Бугарија го призна македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност. Верувам дека низ тие формулации ќе се изнајдат решенијата заради тоа што постојат решенија доколку едната страна внимава кон другата страна во преговорите – ние да внимаваме кон бугарската, а бугарската страна да внимава кон нас. Така прават пријателите и верувам дека уште еднаш ќе покажеме дека сме пријатели”, рече Заев пред почетокот на одржувањето на Енергетскиот форум во Скопје.

Тој посочи  дека Бугарија е голем пријател на земјава и оти верува дека ќе остане на таа линија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago