Македонија

Шахпаска: Лицата со попреченост да бидат вклучени во општествениот живот на еднакви основи со останатите граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска оствари средба со претставниците на Полио Плус –движење против хендикеп .

На средбата соговорниците разговараа за потребите на лицата со попреченост, пристапот до помош, поддршка, лична асистенција во нивните домови, како и овозможување на еднакви основи, со  останатите граѓани бидат вклучени во општествениот живот . Притоа, се разговараше и за новиот Закон, кој Министерството за труд и социјална политика  сериозно го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост, Националниот Регистар на лицата со попреченост и Комисиите за функционална проценка на нивната работоспособност за да можат да бидат вклучени на пазарот на трудот, информираат од ресорното Министерство.

„Разговаравме и за  додатоците односно паричните права на лицата со попреченост, во делот на посебниот додаток на младите лица до 26 години, личната асистенција како начин на нивно вклучување во општеството и можноста за поголем опфат на овие лица и како заеднички да ги движиме работите во вистинска насока,“ изјави Шахпаска.

Таа посочи дека изминатиот период заеднички се  покренати и  прашањата за имплементација на Конвенцијата за лицата со попреченост во членот 29 , за нивната политичка вклученост, во процесите на избирање, да бидат бирани и да имаат пристапност до гласачките места, процеси кои се прилично  придвижени.

„15 отсто  од општата попоулација ја сочнуваат лицата со попреченост,  таа бројка во нашата држава е е околу 300.000 граѓани. Како одговорни носители на политики, продолжуваме да правиме се за нив, но не без нив,“ порача министерката Шахпаска.

Од страна на претставниците на  Полио Плус, беше посочено дека заедничката соработка со Министерството за труд и социјалана политика продолжува и понатаму особено во делот на експертиза од  нивна страна, со цел создавање на добар систем на градење приоритети кои се од клучно значење за лицата со попреченост.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago