Македонија

Потпишани нови 10 договори со општините за грант за развој на социјалните услуги

Потпишани дополнителни десет договори за грант за развој на социјалните услуги со општините меѓу кои и со Општина Струмица.

„Тоа се општините Чучер Сандево и Бутел со еден договор, Јегуновце,Теарце и Желино исто така во еден договор, потоа Крива Паланка, Кичево , Македонски Брод, Центар Жупа, Струга , Демир Хисар, Кавадарци и Струмица“, изјави министерката Шахпаска по повод потпишувањето на Договорите за грант за развој на социјалните услуги со општините.

Таа истакна дека со новите 10 , вкупно 17 општини имаат потпишано договори за грант за развој на социјални услуги, а до крајот на годината ќе бидат потпишани уште 7, со што вкупната бројка на грантови предвидена за оваа година е 24.

„Со потпишувањето на договорите, општините имаат обврска во рок од пет месеци преку  општинските координатори и едукација на даватели на услуги да овозможат пружање на социјални услуги во домовите на стари лица и  на лица со попреченост , како и поддршка на старите лица и лицата со попреченост во Дневните центри“, информираше министерката Шахпаска.

Таа посочи дека ова преставува исчекор и во еден друг правец, намалување на  невработеноста, бидејќи се дава  можност за ангажирање на граѓаните во нивната локална средина преку вклучување во  овие сервиси и даватели на услуги и обезбедување на  пристоен надоместок.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago