Будно се следат состојбите со КОВИД-19, сите ресурси се
посветени на ова прашање, истакна премиерот Зоран
Заев во синоќешното интервју во ТВ 21, истовремено нагласувајќи дека граѓаните треба да
знаат дека на 1 ноември R факторот на преносливост се намалува и тоа ќе
продолжи така доколку продолжат да се спроведуваат актуелните мерки за заштита.
„Се размислува и за некоја форма на карантин или други
рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори.
Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21:00 часот нема да
даде некои резултати, додека ако биде од 17:00 или од 18:00 ќе има подобри
резултати и сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на
Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се
дефинира некоја од мерките“, рече премиерот Заев,
Јавниот здравствен систем додава Заев, ги има сите капацитети и сé е ставено на располагање за
справување со КОВИД-19. Во вонредна состојба државата има можност времено да
национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите
граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручни кадри за
справување со оваа ситуација.
Во однос на набавката на вакцината тогаш кога ќе биде
одобрена, премиерот Заев нагласи дека земјата е вклучена во КОВАКС механизмот
на СЗО за да се обезбеди рамноправна дистрибуција на соодветна количина на
вакцини против КОВИД-19 и дека Македонија, како и Западен Балкан, ќе биде
вклучен во набавката на вакцината што ќе ја спроведе ЕУ за нејзините земји
членки.