Македонија

Учество на МНР Бујар Османи на министерски состанок на Коалицијата за слобода на медиуми

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на видео состанок на Коалицијата за слобода на медиуми, во рамки на Втората глобална конференција за слобода на медиуми со која ко – претседаваат министрите за надворешни работи на Канада и Обединетото Кралство, Франсоа Филип Шампањ и Доминик Раб.

Целта на состанокот беше согледување на актуелната состојба со слободата на медиумите, како и негативниот импакт над истите како резултат на пандемијата со Ковид 19 вирусот.

„Наша цел е, преку унапредување на законската рамка, преку владините политики и преку партнерство со медиумските организации да создадеме услови за слободни, плурални и независни медиуми кои даваат медиумски услуги за целосно информирањево интерес на граѓаните“, истакна Османи.

Ова е прва министерска средба на Коалицијата за слобода на медиуми која беше формирана од Канада и Обединетото Кралство на Првата глобална конференција  што се одржа во Лондон во 2019 година и во која членуваат триесет и седум земји, меѓу кои и Република Северна Македонија, а кои се залагаат за  јакнење на заедничките напори на сите актери на глобално и национално ниво за заштита на правата на новинарите и креирање слободен плуралистички медиумски простор.

Фокусот на оваа Коалиција е неопходно професионално дејствување и известување на медиумите во насока на јакнење на нивната одговорност и подигање на општествената свест за детектирање на дезинформации.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago