Економија

Бектеши: Буџетот на Министерството за економија за 2021 година ќе изнесува 826 милиони денари

„Главните приоритети на Министерството за економија се создавање на услови за развој на индустријата, развивање на претприемништвото, креирање и интеграција на единствен пазар во Европската Унија, обезбедување енергетска стабилност и сигурност, истражување, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини, развој на туризмот со подобрување стандардите на туристичката понуда“ – изјави Министерот за Економија, Крешник Бектеши.

Буџетот на Министерството за економија за субвенционирање на приватни претпријатија во 2021 година е тројно зголемен, односно изнесува 13 милиони денари и се предвидени за:
– Имплементација на активности за паметна специјализација
– Поддршка на фирми од преработувачката индустрија
– Поддршка и проширување на акредитацијата на лаборатории за испитување на градежни производи
– Поставување на волтаици во преработувачката индустрија за сопствени потреби

Министерството одделува и 50 милиони денари за поддршка на претприемништвото:
– За микро, мали и средни претпријатија
– За женско претприемништво
– За подобрување на вредносните синџири
– За сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди
– За сертифицирање на халал систем
– За поддршка на занаетчии

Активности на министерството за економија за поддршка на туризмот и континуирано субвенционирање за:
– Туристички цели на селски домакинства
– Поддршка на активен туризам
– Дигитализација на туристичкиот сектор и
– Поддршка за домашен туризам за работници со ниски приходи

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago