Македонија

За набавка на вакцини против ковид-19 во Буџетот се планирани 6,7 милиони евра

За набавка на вакцини против ковид-19 во Буџетот се планирани 390 милиони денари односно 6,7 милиони евра, а за лекот „ремдесивер“ 67,5 милиони денари, соопштија во  синоќашната дебатна емисија на МТВ премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Од кредитот со Светска банка 90 милиони предвидено е и за вакцина, а на годишните средби исто така кажаа дека дополнително ќе ѝ дадат на државата само за вакцина. Значи, има обезбедени средства и доколку се покаже потреба за повеќе, но засега има доволно средства предвидено за вакцини“, рече Бесими.

Заев меѓу другото кажа дека нашата проекција е 800 илјади вакцини, посочувајќи и на цени од некои производители-10,47 евра за вакцина односно за двете дози 21 евро.

Заев информираше дека авансот ќе го платат веројатно на почетокот на декември, а во 2021 и 390-те милиони денари или 6,7 милиони евра.

„Ако има потреба за повеќе, ќе обезбедиме дополнително плус пари“, рече Заев.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago