Економија

Бектеши: Се започнува со реализација на мерките за директна поддршка на туристичките и угостителските работници

Министерството за економија од денес започнува со реализација на пет мерки од четвртиот сет кои се директна поддршка за туристичките и угостителските работници кои беа погодени со пандемијата од Ковид-19 – најави министерот за економија Крешник Бектеши.

„За реализација на сите пет мерки Министерството за економија со ребалансот на Буџетот има обезбедено средства во износ од  459,65 милиони денари денари, односно 7,5 милиони евра. Рокот на аплицирање за овие пет мерки е 27 ноември, а финансиската поддршка ќе биде исплатена до крајот на годината“, рече Бектеши.

Во мерките се предвидува грантови за ресторани во висина од 60.000.000 денари, грантови за игротеки во висина од 153.000.000 денари. Грантови за лиценцирани туристички агенции и туристички водичи во вкупна висина од 126.650.000 денари. Исто така со овие мерки се предвидува враќање на туристичка такса за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти во висина од 120.000.000 денари

Како што изјави министерот Бектеши, за овие грантови ќе може да се аплицира до 27 ноември преку платформата „Дома си е дома“, a парите ќе бидат исплатени до крајот на годинава.



Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago