Македонија

РСБСП со потсетување: Од 15 Ноември, задолжително носење на зимска опрема во возилото!

Зимското време се приближува. За да бидете сигурни дека вашето возило нема да ве остави заглавени во снегот и дека безбедно ќе можете да се движете по замрзнати, влажни и снежни коловози, време е да направите соодветна зимска подготовка и проверка на возилото. Под редовна зимска проверка на возилото се подразбира проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокт на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави, итн.

Сите овие проверки и подготовки се важни, но најважно од сѐ е носењето на соодветна зимска опрема. Носењето на зимската опрема е задолжително и се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март наредната година, потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од каде упатуваат апел до возачите да бидат одговорни и да ја почитуваат законската обврска, иако временските услови сѐ уште се стабилни .

 •  Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

          •   Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 mm).  Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

           •  Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри (6mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

            • Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:  „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Со цел појасно толкување на  Правилникот за користење на дополнителна опрема во возилата, РСБСП потенцира дека во случај кога се користат зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег.  Исто така  особено важно е тоа што обврската за носење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Комбинацијата, односно истовремена употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото.

РСБСП со апел:  За твоја безбедност,  користи соодветна зимска опрема и пристигни безбедно на посакуваната дестинација при зимски услови на патиштата!

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago