На 14 ноември се одбележува Меѓународниот ден за борба против дијабетес
Секоја година на 14 ноември се одбележува Меѓународниот ден за борба против дијабетес, кој годинава е посветен на Медицинските сестри.
Здружението на дијабетичари од Радовиш по тој повод изврши посета на Здравствениот дом и на итната медицинска помош, а во чест на подигање на свеста еден општински објект, ќе биде осветлен во сина боја. Во Радовиш, во сино ќе биде осветлен центарот за култура Ацо Караманов.
Светскиот ден за борба против дијабетес годинава е посветен на Медицинските сестри.
Во Радовиш има околу 1460 дијабетичари од кои околу 470 се на инсулинска терапија, а останатите на таблетарна терапија. Претседателот на Здружението на дијабетичари од Радовиш и Конче Тони Митев, упати апел до сите дијабетичари одговорно да се однесуваат во време на пандемија и да го чуваат своето здравје.
Сојузот на зддруженија на дијабетичари ги застапува правата и обврските на околу 125 000 лица со дијабетес во Македоија од кои околу 44 илјади се инсулински зависни. Бројката на заболени од дијабетес рапидно расте, а се почесто го има и кај децата.
Дијабетесот не е
само зголемено количество на шеќер во крвта, тоа е хронична, исцрпувачка и
скапа болест која го засега целото семејство. Се јавува како резултат на
нездравиот животен стил кој подразбира лоша исхрана со конзумирање на брза
храна и газирани пијалоци, намалена физичка активност и прекумерен стрес.
Дијабетесот е хронично системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на гликоза во крвта. Генерално е условен од наследни фактори, а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на овие два фактори. Тој недостаток ја попречува размената на јаглени хидрати, масти и белковини во организмот (што се манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи.