по
добиени сознанија дека лица од Виница, вршеле незаконска продажба на
несоодветни брзи тестови за детекција на вирусот „ковид-19“, полициски
службеници од Одделение за внатрешни работи Виница извршиле оперативни проверки, при што е дојдено до сознанија дека
лицата: В.П.(35) и М.А. (46) двајцата од Виница, заедно со правно лице од
Виница нуделе и продавале несоодветни т.н. брзи тестови во врска со
коронавирусот.
Поради постоење на основи на сомневање за
сторено кривично дело – “незаконито земање и користење на генетски и биолошки
материјал“ казниво по чл.210-а од Кривичниот законик, со наредба од Јавен
обвинител, бил извршен претрес во дом и други простории, при што во домот на
В.П.пронајдени се седум кеси со натпис “Ковид Чек ТМ“ и едно шише од 2мл со
течност со натпис „Буфер“, кои се одземени. До надлежното обвинителство ќе биде
доставен соодветен поднесок, а и во наредниот период се преземаат мерки во
врска со ваквите случаи.
Од МВР апелираат до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами, а МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница, информираат од МВР.