Македонија

Состојба со Covid-19 во Македонија во периодот 02-08.11.2020

Тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 25,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 44,7%, со неделна инциденца – 527,2/100.000

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 односно 21,2%. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 год – 19,9%, 40-49 – 19,3%, 50-59 – 19,2% и 20-29 – 15,0%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 – 1,6% и 10-19 години – 3,5%.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6%) лица од машки и 3.522 (48,4%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.114 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, четири случаи во возрасната група од 30-39 години и еден случај  на возраст 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94%.

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот се проценува дека Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago