Маричиќ: Значително поевтинување судски такси, ќе платите најмногу 6.000 денари
Од денеска стапува на сила „Законот за изменување и дополнување на Законот за судски такси“ односно тоа значи значително намалување на судските такси од денеска стапува во сила, порача министерот за правда Бојан Маричиќ.
Трошоците за судските такси, во првостепена постапка, ќе се движат од 480 денари до 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот.
„Тужите осигурителна компанија за надомест на штета во вредност 3 милиони денари. Судската такса која треба да ја платите е 2 проценти од вредноста на спорот. Во овој случај граѓанинот ќе требаше за судски такси ќе требаше да го даде максималниот износ од 48 000 денари. Сега, според донесениот измени, давачката ќе биде 6 000 денари, односно осум пати помалку. Доколку е потребно да ја истерате правдината до крај и да ги искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа за истиот спор што го споменав, ќе платевте вкупно 288 000 денари судски такси, односно 2% за тужба, 2% за одлука, за жалба 4% и за ревизија 4%. По новата судска такса, најмногу може да потрошите вкупно 36 000 денари или 252 000 помалку доколку се жалите“, изјави министерот за правда Маричиќ на денешната прес-конференција.
Тој дополнува дека очекуваат ваквите промени да бидат во интерес на адвокатите и вештаците бидејќи граѓаните ќе бидат охрабрени да стигаат до правдата по судски пат. Овие промени, во поширока смисла се и во духот на националната стратегија за намалување на сиромаштијата.