Советот на Општина Радовиш конечно на продолжението на 47 седница го изгласа ребалансот на буџетот за 2020
Советот на Општина Радовиш конечно на
продолжението на 47 седница го донесе ребалансот на буџетот на Општина Радовиш
со подршка само од од советниците од валдеачкото мнозинство.
Советниците од опозициската ВМРО -ДПМНЕ уште на почетокот на седницата имаа процедурални забелешки кои се однесуваа на загрижувачката состојбата со Ковид -19 во општината, по што ја напуштија истата. Исто така тие имаа забелешка и дека како советничка група не се консултирани за вашжни одлуки, со цел да го дадат својот придонес.
По реакцијата од страна на советниците од владеачкото
мнозинство дека процедуралните забелешки не се согласно деловникот, и согласно
дневниот ред советниците од ВМРО -ДПМНЕ ја напуштија седицата
Во продолжение на седницата покрај донесувањето на
ребалансот на буџетот беше изгласан и кварталниот извештај за реализација на
буџетот на Општина Радовиш за третиот квартал од 2020 година. Потоа беа изгласани
сите 63 точки од дневниот ред кои се однесуваа пред се на давање согласност на
годишни планови за вработување во ЕЛС Општина Радовиш како и во јавните образовни институции, во
училиштата, градинките во ОН Библиотека во ЈП
Плаваја и други институции, како и усвојување на годишните извештаи и програми за работа на истите.
Потоа
предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски
развој на Општина Радовиш за 2020 година, како и изменување на програмата за
јавно осветлување, одобрување на финасиски средства на спортски клубови и други
предлог одлуки значајни за функционирање на институциите.