Македонија

Заев и Мицкоски го осудуваат терористичкиот напад во Виена

Премиерот Зоран Заев го осуди терористичкиот напад во Виена и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Шокантни вести пристигнуваат од Виена, во време кога треба да стоиме обединети и да градиме солидарност. Јас силно ги осудувам терористичките напади и секое дело на насилство. Моите мисли се со семејствата и пријателите на жртвите, луѓето во Виена и мојот пријател Себастија Курц“, напиша Заев на Твитер.

И лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најосто го осудува терористичкиот напад.

„Најостро го осудувам терористичкиот напад во Виена во кој има и жртви и повредени.

Моите молитви се со семејствата чии членови настрадаа во грозоморниот чин. Со оглед на тоа што и македонски државјани работат и престојуваат во Виена апелирам до македонската влада и МНР да понуди помош и контакти во случај на неопходност за поддршка и комуникација со земјава.

Поддршка на Австрија во овие тешки мигови и поддршка во справувањето со оваа заедничка глобална закана“ напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Инаку синоќа седум лица биле убиени во близината на синагогата во центарот на Виена, а истрели се слушале насекаде.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago