Денеска почина поранешниот пратеник и политичар Амди Бајрам. 64 годишниот политичар починал од комликации на срцето но неофицијално, тестот кој постхумно му бил направен покажал дека бил позитивен и на Ковид 19,
Пред една недела, Бајрам направи свадбената
прослава за својата внука која беше организира во Турција. На истата имало
околу 600 гости од кои 200 од Македонија.
Лидерот на Сојузот на Ромите кој ќе биде запаметен како еден од политичарите со најдолг стаж во македонскиот парламент, почина денеска претпладне на 64 години, страдал од проблеми со срцето и дијабетес, поради што лани му беше ампутирана едната нога. Неговата партија Сојузот на Ромите, коалицираше и со владите на ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ.
Амди Бајрам е роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник. Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател.
Ќе биде запаметен меѓу другото и по неговиот говор во парламентот во кој сакаше да потенцира дека него сите го познаваат и дека има авторитет велејќи, „ Јас сум Кока Кола за вас“.