Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2020 за долгови доспеани до 30.06.2020 и неплатени до 30.09.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност;
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2020 изнесува 9.693.161.515 денари, повеќе за 306.409.223 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.670.177.454 денари (повеќе за 336.647.542 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 22.984.061 денари (помалку за 30.238.319 денари од претходната листа).
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
Целата листа можете да ја проверите на веб страната на Управата за Јавни Приходи