Македонија

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува за нови мерки, вчера 535 новозаразени

Министерот за здравство Венко Филипче вчеравечер изјави дека тие би вклучувале рестрикција на јавниот превоз, ограничување на работа на угостителски објекти. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава. За воведување полициски час, филипче рече дека лично смета, во овој момент е сè уште рано, но во даден момент и тоа може да биде предложено.

„Еден од најдобрите параметри коишто ги следиме е капацитетот во болниците. Иако има слободни места, капацитетот се исполнува. Само претходниот ден имаше голем број на приеми“, рече филипче додавајчи дека поради тоа е можно да се предложат и дополнителни рестрикции.

Филипче вчера имал состанок со директорите на установите за да се направи систем на ротација на лекарите специјалисти и медицинските сестри кои ќе работат во модуларното одделение од повеќе интернистички одделенија.

Засега за училиштата не се размислува за предвремен зимски распуст, зашто е мал бројот на заразени деца во градинките и училипштата и во изолација се одреден процент.

Инаку според вчерашниот извештај Македонија бележи нов негативен рекорд во КОВИД-статистиката – 535 заразени во 24 часа, од напаравени  2445 тестови, од кои над половината односно 277 се во Скопје. Вирусот е потврден и кај 30 луѓе во Струмица, 26 во Прилеп, 24 во Гевгелија и 22 во Штип, потоа во Тетово – 18, Куманово – 17, Кичево – 15, Битола – 13, Кочани – 12 и Велес – 10, а под десет нови случаи со вирусот имаат уште 16 општини меѓу кои  во Радовиш 6 и во Валандово 5 нови случаи.

Регистрирани се и шест починати пациенти на возраст од 55 до 72 години и со нив вкпно 815 ја изгубија битката со коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјава. Оздравени вчера се 168 пациенти а  вкупно  досега се сметаат како излекувани 16 758 од заразените 22 170. Во моментов активни случаи има 4597, од кои 2178 во Скопје.

Следува Струмица со 303 активни, Тетово 233, Кочани 199, Прилеп 192, Куманово 184, Штип 143, Битола 113, Гевгелија 112 и Делчево 102,

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago