Радовиш

Уште на почетокот на 47 седница на Совет на Општина Радовиш, дел од советниците со процедурални забелешки

Советот на Општина Радовиш вчера ја одржа 47 сеница за која беа предвидени околу 65 точки за расправа.  

 Уште на почетокот, дел од советниците имаа процедурални забелешки барајќи да се иземат одредени точки од дневниот ред, како што  беше втората точка, Предлог Одлука за давање на согласност за измена и дополнување на Годишниот план за вработување во ЕЛС Општина Радовиш за 2020 година.

Советникот Ужевски побара објаснување зошто има барање за измена на оваа предлог одлука на три месеци пред крајот на годината, на што доби одредено објаснување од раководителот на секторто за човечки ресурси при  ЕЛС Општина Радовиш, Перо Поплазаров,  дека е потребна оваа измена за назначување на раководител на одделение за комунални работи и раководител на оделение за  урбанизам.  Ццелта на оваа имена е како што рече тој, преку унапредување на веќе вработените да се пополнат овие раководни работни места. 

Советникот Горан Поцев рече дека опозицијата нема да ги поддржи сите годишни планови за вработување, бидејќи сметат дека ќе бидат вработуни партиски кадри.

Градоначалникот  Герасим Конзулов образложи  дека со  тргнување на оваа Предлог одлука од дневниот ред,  се кочи работата на општината и на градоначалникот, бидејќи нема кој да потпишува одлуки.

Една од забелешките на советниците од опозицијата беше и несоодветните услови за одржување на седница без говорница, на која би требало да се обраќаат кон советниците.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago