На одржаната 47 седница на Советот на Општина Радовиш беа присутни и директорите на образовните институции, со цел да образложат дали се соочуваат со одредени проблеми, имајќи предвид дека учебната година започна во вонредни услови поради Корона кризата. Советникот Бојан Митевски им се заблагодари за присуството, но истовремено и потенцира дека тие како опозиција барале уште пред почетокот на учебната година да присуствуват на седница и да ги изнесат нивните проблеми со цел да им се помогне. Тој постави директно прашање дали учебната година започна успешно.
Во однос на почетокот на новата учебна година во училиштата во Радовиш и во населените места Државниот просветен инспектор и претседател на Советот Викица Манолева рече дека наставата се одвива од 1 до 3 то одделение со физичко писуство, а остантите онлајн. Училиштата се премени се средства за дезинфекција и топломери и единствено се соочуваат со проблеми околу техничката опрема.
Директорката на ООУ Коста Рацин од Подареш рече дека во нејзиното училишта како и во останатите, се соочуваат со некои проблеми од техничка природа. Во училиштето се спроведуваат мерките согласно протоколот, во однос на наставниот кадар тие се подготвени и обучени, но се соочуваат со недостаток на техничка опрема, за социјално загрозени ученици.
По завршувањето на исцрпната дискусија и кратката пауза советникот Горан Поцев рече дека опозицијата ќе ја напушти седницата притоа образложувајќи ги причините.
Причината според Поцев беше дека дневниот ред е усвоен, а тие не се изјасниле за негово прифаќање или отфрлање, како и забелешка на отфрлената точка 2 од дневниот ред со што се создавала можност за кочење на работата на градоначалникоти локалната самоуправа. По напуштањето на седницата, поради немање кворум за работа, истата беше прекината, а продолжението дополнително ќе биде закажано.