Македонија

Во Струмица 260 активни случаи на Ковид -19, Радовиш 58 а Гевгелија заедно со Дојран и Богданци 92

Во последниот месец драстично се зголеми бројот на нови случаи позитивни на Ковид -19 во Струмица и се искачи на 260 активни случаи, со што ги надмина Куманово и Штип. во Радовиш има 58 активни случаи, а во Гевгелија заедно со Дојран и Богданци 92. Валандово за кратко време ја зголеми бројката на 41 активни случаи. Ваква е статистиката во општините во Југоистокот, каде долго време бројот на заразени по општини се движеше околу10 до 20 активни случаи.

Во последните 24 часа во Македонија се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-54, Куманово-1, Тетово-3, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-3, Виница-2, Делчево-1 и Свети Николе-2.

Во болнички услови починати се 3 лица – пациенти од Скопје (48), Струга (78) и од Струмица (68).

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-44, Куманово-5, Прилеп-7, Тетово-3, Битола-2, Кавадарци-1, Гостивар-3, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-1, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-3, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.996. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 8.626, активни 1.802
• Куманово 1.886, активни 172
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1.368, активни 123
• Прилеп 814, активни 163
• Тетово 1.607, активни 222
• Струга 720, активни 61
• Велес 385, активни 63
• Битола 389, активни 102
• Охрид 463, активни 47
• Кавадарци 281, активни 60
• Гостивар 991, активни 84
• Гевгелија 202, активни 92 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 437, активни 260
• Крива Паланка 155, активни 49
• Радовиш 141, активни 58
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 506, активни 213
• Пробиштип 129, активни 20
• Демир Хисар 62, активни 1
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 153, активни 54
• Валандово 65, активни 41
• Виница 138, активни 45
• Делчево 193, активни 101 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 403, активни 58
• Кичево 357, активни 32
• Ресен 170, активни 9
• Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 680 теста се преку: ИЈЗ – 153, ЦЈЗ Скопје – 9, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 159, МАНУ – 0 „Жан Митрев“ („Филип Втори“) -166, „Систина“ со PCR-метода – 160, лабораторија „Лаор“ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 1, ГАК – 13, „Синлаб“ – 19, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 44 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 32, а во болницата во Штип – 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и во Кочани хоспитализирани се 194 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago