Радовиш

Министерот Бочварски на панел дискусија за состојбата на транспортниот сектор во време на пандемија

Панел дискусија за состојбите на транспортниот сектор во време на пандемија и претстојната распределба на ЕКМТ дозволите,  денеска беше одржана во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Средбата беше во организација на СИЗ здружението  за патен транспорт Македонија сообраќај (АМЕРИТ) а на барање на членките, транспортните фирми од областа на товарниот транспорт.

На панел дискусијата беа присутни министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  и претставници од Министерството за транспорт и врски, преставници од Царинската управа, од Државниот инспекторат за транспорт и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Присутни беа и транспортни оператори кои учествуваат во внатрешниот и меѓународниот транспорт на стоки.

„Ваквите средби се многу значајни за сите нас, имајќи предвид дека Ковид кризата сите не погоди. Прво за што сакам да потенцирам  е тоа дека во рамките на четвртиот сет на економски мерки, продолжуваме со поддршката за исплата на плати, која важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември.                                                                                                           

Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите.

Колку е поголем падот на приходите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари“, рече Министерот Бочварски .

На околу 7000 транспортери ќе им се продолжи лиценцата за работа дополнително за една година без надомест. 

Оваа мерка е дел од сетот економски мерки  со која  ќе се намалат финаниските трошоци на компаниите  во овие тешки услови.

За 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски обезбедени се 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард.

Електронското пријавување за ЦЕМТ дозволите е од 13 до 15 овој месец. Министерот ичекува   компаниите навремено да ги достават електронските  апликации.

Управителот на здружението АМЕРИТ, Лефтер Андонов, ги поздрави  присутните и рече дека транспортниот сектор  претрпел огромни штети од ковид пандемијата и токму затоа е оваа средба, за да ги изнесат нивните проблеми и да добијат соодветна помош.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago