Доказ
за успешно превземените активности за олеснување на царинските постапки е и
признанието кое ЦУ го доби во овогодинешниот извештај на ЕК за напредок на Македонија
во пристапувањето кон ЕУ.
Поглавјето 29.Царинска Унија ја има
највисоката оценка која е дадена во овој извештај со заклучок дека Царината има
постигнато добар напредок во претходната година и одржува добро ниво на
подготовка во делот на Царинската Унија.
Концептот
дигитална царина е веќе реалност и е нотирано во самиот извештај на ЕК каде се
констатира „Земјата
заврши, примени и одржува нов електронски систем за обработка на царински
декларации и акцизни документи (СОЦДАД)“.
Во
извештајот се истакнува и дека е воспоставен едношалтерски систем за
контрола на границата со Србија (One
Stop Shop) кој резултира со поуспешни стапки на
откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа се зголемува
безбедноста. Со
воспоставување на новиот начин на работа и заедничката гранична контрола на
службите на двете земји, коридорот 10 стана поатрактивен и поефикасен за вршење
извоз, увоз и транзит на стоки Ваков систем на
заеднички контроли е во тек на воспоставување со Р.Албанија каде што веќе
започна со работа новоизградениот царински терминал.
Кон добрата оценка за поглавјето 29, придонесоа и високата усогласеност на царинското законодавство со законодавството на ЕУ; воведувањето на концептот на Овластен економски оператор (ОЕО), подобрената меѓу-институционална соработка, учеството во меѓународни операции за борба против недозволена трговија со дрога, фалсификувана стока и лекови, акцизна стока, оружје, експлозиви, опасен отпад и хемикалии, диви животни и растенија, културни добра и борба против трговија со луѓе, итн..
Во
наредниот период претстои вистински ангажман во домен на консолидација и
целосна примена на постоечките ИТ системи, нивна надградба и одржување,
како обезбедување континуитет во
работењето и да го
имплементира целосно Протоколот 5 на ЦЕФТА за
олеснување на трговијата.