Македонија

УГД ја продлабочува соработката со Мајкрософт – се отвора програмата за Студентски Амбасадори

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе имаат можност да бидат дел од програмата „Student Ambassador” на Мајкрософт која им отвора големи можности на сите студенти.

„На студентите ќе им овозможиме една нова програма која се вика Student Ambasador Program која што е амбасадорска програма за студенти. Потребно е да имаат само 18 години и да имаат активне статус на студент. Нешто што добиваат се огромни бенефиции. Добиваат бесплатен софтвер, алатки за учење во дигитални лаборатории, добиваат месечен кредит од 150 долари за да истражуваат во Азур, добиваат право да бидат менторирани од Мајкрософт професионалци, да одат на настани и да бидат гости и предавачи на разни настани и понатаму добиваат можност да бидат кандидати за следно вработување во Мајкрософот“, изјави Елисавета Нојкоска, Менаџер за образование за дигитални вештини во Централна и Источна Европа во Мајкрософт.

Претставниците на Мајкрософт денес го најавија ова на средба со студентите и раководството на Универзитетот на која средба беа свечено доделени ваучери на студенти кои се пријавија за да полагаат за сертификати на програмата Azzure Fundamentals.

„Универзитетот Гоце Делчев е еден од првите во Македонија којшто многу брзо ја прифати онлајн наставата заради пандемијата што се случи, почнувајчи од март. Денеска дојдовме на една физичка средба затоа што до сега цело време бевме во онлајн контакт. Како благодарност Мајкрософот им овозможи на неколку од студентите и професори ваучери за испити, за оналјн сертификати за Azzure Fundamentals. Тука имаме двајца студенти кои се на некој начин како победници и денес добија ваучери за да можат да ги користат за полагање на испит“, истакна Нојкоска.

Ваучери добија генерално студенти од Факултетот за информатика при УГД, но и професори и асистенти кои се заинтересирани за полагање на овој софтвер.

„Искрено, многу сум возбудена што го добив овој ваучер. Сметам дека многу ќе ми помогне во иднина во мојата кариера и се надевам дека тие мои желби ќе се исполнат, изјави Кристина Здравева“, студент на Факултетот за Информатика на УГД.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago