Радовиш

Промовирана книгата „Обредни лебови“ од професорката Павлина Кошевец, книга која ќе остави траен белег на традицијата

Со изложба на фотографии од традиционални обредни лебови синоќа пред  центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш,  беше извршена  промоција на книгата „Обредни лебови“ од професорката Павлина Кошевец од Радовиш, книга која ќе остави траен белег во етногравската наука во земјава.

Во присуство на повеќе поканети гости промоцијата ја изврши професорката Гордана Здравкоска која како што рече книгата ја следи од нејзиниот зародиш од пред неколку години  и знае колку авторката Кошевец вложила труд, за да конечно книгата добие заокружен облик, книга која не враќа назад кон корените.

Авторката Павлина Кошевец се заблагодари на сите подржувачи за да книгата излезе од печат, а посебно на нејзините информатори кои се непресушен извор и ризница на нашето културно богатсво. Кошевец во оваа прилика предложи да се брендира Тодоровата погача  а да се органзира и манифестација, посветена на обредните лебови.

Издавањето на  книгата „Обредни лебови“, финансиски е подржана од  Министерството за култура, од Општина Радовиш и Советот на општината како и од компанијата Детонит.

Центарот за култура „Ацо Караманов“ како издавач на книгата, ја организира и самата промоција. Директорката Изабела Ангелова  искажа голема благодарност до сите грѓани кои се вклучија активно со подготовка на традиционални радовишки специјалитети, од видот на обредни лебови, погачи, баници, добро познататите радовишки гурабии и алви.

 Според Ангелова книгата Обредни лебови ќе претставува прирачник за идните генерации за реализација на сите обреди и обичаи и  ќе ја сочува нашата традиција.  Само во оваа книга се напишани старите, веќе во изумирање песни, кои се пејат на празниците коледе,  лазара, при месење кравајче и други обичаи.

Во оваа прилика промоцијата беше збогатена  и со изведба на стари изворни песни карактеристични за нашето поднебје.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago